Една од најсексапилните двојки во Холивуд, Софија Вергара (43) и Џо Мангинело (38) вчера ја направи свадбената веселба на Флорида, поточно во The Breakers Resort во Палм Бич.

Иако медиумите пренесоа дека фогорафирањето е забрането, актерката ги сподели првите фотографии од веначвката на социјалната мрежа Инстаграм.

Вергара блесна во венчален фустан од Zuhair Murad Couture, кој мораа да го носат дури двајца мажи, додека изборот на Џо, која патем има хрватско потекло (неговата мајка е од Брач) беше одело од дизајнерот Џон Варватос.

Според пишувањата на светските медиуми, двојката ги разменила заветите и прстените во 20 часот, по што следел и почетокот на забавата. Првиот танц на Вергара и Мангинело бил на песната на Синатра, The Way You Look Tonight.

Очекувано, на церемонијата беа присутни бројни познати личности меѓу кои Рис Витерспун, Џули Боуен, Чанинг Татум, Џена Дeван, Ерик Стоунстрит, Ед О’Ник, Ариел Винтер, Сара Хајланд, Арнолд Шварценегер, Роселин Санчез и многу други.

Софија со синот Маноло Гонзалес Рипол Вергара

Инаку, возбудата и приказната за една од најубавите свадби во Холивуд започна уште од саботата, кога двојката ја имаше „пробната вечера“.

Медиумите тогаш пишуваа и за изведбата на Џо на Sweet Child O’Mine која секако ѝ ја посвети на неговата љубов. Софија и тогаш го привлече вниманието со неколку креации, меѓу кои беше и краткиот венчален фустан од Марк Зурино, специјално направен за неа.

Честитки пристигнуваат од сите страни на светот, а обожавателите се воодушевени што актерката одлучила да сподели дел од прославата со нив.

Инаку, Џо и Софија почнаа да се забавуваат во јули месец минатата година, а после шест месеци, на Божиќ, Џо ја побара актерката за жена.

Во продолжение погледнете ги и видеата што се појавија од прославата:

 

 

 

Објавено:
23 ноември 2015
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
4.736 пати