Без разлика што оваа година се покажа како непредвидлива и што многумина ја одложија својата свадбена веселба за следната година, сепак кога ќе дојде денот да се одржи, за многумина ќе биде ден за паметење.
Во Хрватска минатата година на една свадба се појавил натпис, кој станал еден од најбараните и најпопуларните меѓу идните младенци.
„Денеска две семејства стануваат едно, затоа ве молиме, одберете место, а не страна“ предизвика емоција кај многумина, па е еден од најбараните декоративни предмети за свадбена веселба, дури и во оваа непредвидлива сезона.
Идејата за таблата била на внуката на сопственик на фирма за организација на венчавки. Таа побарала таков натпис да стои на влезот на просторијата за венчавање, а желбата ѝ била исполнета, не претпоставувајќи дека ќе стане толку популарен.
Велат дека по објавувањето на фотографија, во компанијата се јавиле преку 100 младенци кои посакале да имаат ист таков, а оттаму разни ателјеа за украсување свадби имаат свои верзии на оваа табла за добредојде.
Навистина досетливо и емотивно.
фото извор: facebook.com/paulinadizajn; facebook.com/Pozivnice-za-vjenčanje-Auris-Dizajn; facebook.com/pg/LjubavnapricaTuzla; wopita.com/viktoria_dizajn_weddings; facebook.com/ivkicadesigne;