Свадбениот албум на Гвен Стефани и Блејк Шелтон

6 јули 2021

На интимна церемонија на ранч во Оклахома, на 3 јули познатата двојка Гвен Стефани и Блејк Шелтон изговорија „Да“ и ја направија својата свадбена веселба.

Дел од нивниот свадбен албум пејачката објави на социјалните мрежи, посочувајќи дека „Соништата се остваруваат!“.

На овој за нив посебен ден, Гвен одбра да носи венчаница во две варијанти, креацја на дизајнерката Вера Ванг.

Венчаницата во горниот дел е со корсет со срцевидно деколте и кратко здолниште од тул, но за формалниот дел беше додадено долго здолниште од тук и вел на кој е извезена интимна порака.

За вторниот дел од забавата, долгото здолниште е тргнато и Стефани ја носи кратката верзија, а белите чизми беа изборот на обувки за двете комбинации.

За потсетување, Гвен и Блејк се верија во октомври 2020 година, а двојката се зближи на снимањето на шоуто The Voice во 2015 година каде и двајцата беа судии. 

Во исто време и Гвен и Блејк минуваа низ развод. Блејк зад себе има два неуспешни брака, а Гвен еден со Гевин Росдејл со кого има три деца – Кингстон, Зума и Аполо

Погледнете ги останатите објавени свадбени фотографии:

 

Објавено:
6 јули 2021
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
919 пати