Свадбениот албум на Хилари Даф

27 декември 2019

Актерката и пејачка ги изненади сите со веста дека се омажи по втор пат. Нејзиниот избраник, музичарот Метју Кома и таа одлучија да имаат тајна венчавка во дворот во нивниот дом во Лос Анџелес.

Но, вчера на инстаграм профилот на Даф се појавија нови свадбени фотографии.

За потсетување, таа на венчавката носеше едноставен фустан со плашт, дизајн кој го потпишува британската дизајнерка Џени Пакам. 

Магазинот „Вог“ објави видео и за тоа како се создаваше фустанот, а можете да го видите во продолжение:

 Инаку, двојката минатата година ја доби ќерката Бенкс, а Хилари се породи во својот дом.

Актерката има еден брак зад себе, со Мај Комри, со кој го има синот Лук Круз Комри.

Погледнете ги новите фотографии:

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by JENNY PACKHAM (@jennypackham) onDec 27, 2019 at 12:48am PST

 

Објавено:
27 декември 2019
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
615 пати