Светот ја одбра најгламурозната венчавка за 2015!

2 јуни 2015

Иако е само јуни, се чини дека светот ја одбра свадбата на годината! Дизајнерката на накит Сабина Ганем овој викенд во Рим се омажи со британскиот милијардер и ко – основач на Getty Images, Џозеф Гети.

Сосема очекувано, нивната свадба помина и повеќе од гламурозно, со огромен број на гости, меѓу кои и некои од најпопуларните дизајнери и познати лица од кралските семејства.

Свадбената церемонија се одржа во Базиликата Св. Петар во магичниот Рим, а 30 – годишната Сабина одбра шармантна и несекојдневна венчаница од ресортот на француската модна куќа Скјапарели.

Наместо вел, невестата се одлучи за долга, бела качулка која како украс на задниот дел имаше рачно извезено сонце што се распространуваше по целата површина.

Под наметката, Сабина се одлучи за тесен бел фустан од сатен со долги ракави и идентично сонце во пределот на половината.

На својот Инстаграм профил, таа му се заблагодари на тимот на брендот, посочувајќи дека и ги оствариле и најлудите фантазии поврзани со нејзината венчаница.

„Создавањето на овој фустан беше нешто незаборавно и неверојатно креативно за мене“, напиша таа под објавената фотографија.

Во комбинација со фустанот од соништата, прекрасната Сабина носеше потпетици во ист стил со венчаницата, но и мини чантичка што изгледаше навистина неодоливо.

Веднаш по венчавката во црква, брачната двојка организираше тематска забава на која тие заедно со нивните пријатели и семејство се забавувале до раните утрински часови.

Погледнете ја гламурозната венчавка на Сабина и Џозеф и нејзините неодоливи фустани!

Објавено:
2 јуни 2015
Категорија: 
Бела соба