Тенисерката Каролин Возњацки се омажи во Тоскана во венчаница на Оскар де ла Рента

18 јуни 2019

Тенисерката која своевремено беше и број еден во светот, Каролин Возњацки викендов се омажи за кошаркарот Дејвид Ли.

Свадбата се одвиваше во Тоскана, а старосватица на убавата Данка беше Серена Вилијамс.

Двојката во четвртокот организираше забавна средба со гостите за добредојде и на некој начин организираа проба за главниот ден.

Возњацки преку ден со своите пријателки имаше забавен натпревар, со цел гостите од двете страни да го скршат мразот и низ смеа и игра да се запознаат. Вечерта пак, беше резервирана за забава на која невестата се појави во бел фустан со вез во впечатливи бои, а со потпис на британскиот бренд „Темперлеј Лондон“.

На денот на венчавката, на која присуствуваа околу 120 гости, Каролин до олтарот ја отпрати нејзиниот татко. Невестата блесна во венчален фустан на Оскар де ла Рента, со широко здолниште и рачно везена монистра. Младоженецот пак се одлучи за темно одело од Том Форд. 

„Ноември 2015 година.. Игравме против „Мајами Хит“. Не можам да се сетам кој победи, а кој изгуби, што значи дека веројатно сме изгубиле со 30 поени разлика. После тоа отидов на вечера... Велат дека секоја врска започнува со чудо ... фактот што јас бев на вечера после 19.30, а обично до 30 веќе сум во кревет - беше чудо“, раскажува Дејвид за нивното познанство.

Ја запознал на вечера, но го заборавил нејзиниот број, па ја следел по излегувањето од ресторанот, а останатото е историја.

Ексклузивата за фотографиите ја имаше „Вог“. Ние ви пренесуваме дел од нив, а целата галерија видете ја ТУКА.

 

 

 

 

Објавено:
18 јуни 2019
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
3.354 пати