Тренди венчавка со колачи наместо торта

8 мај 2014

Од пред извесен период се повеќе младенци се одлучуваат за мини колачи наместо главната свадбена торта. Изгледаат симпатично и слатко, наредени во форма на висока торта на спратови, а најчесто горниот дел завршува со средна големина на торта. Секако, бројот на колачи треба да биде правилно одреден, но најчесто слаткарниците што ги изработуваат најдобро може да ве советуваат колку колачи ќе ви бидат потребни во сразмер со гостите.

 

Но, секако и кога имате класична традиционална свадбена торта, за служење на гостите се сече и од останатите торти, така да не треба да имате многу грижа дали ќе бидат доволно. Позитивната страна на ваквиот избор, е тоа што можете да нарачате колачи со различни вкусови, форми и декорација.

 

Објавено:
8 мај 2014
Категорија: 
Бела соба