Уникатни аксесоари за невести од Џина Фостер

29 ноември 2013

Англиската дизајнерка на шапки, Џина Фостер, лансираше колекција уникатни аксесоари за невести што се издвојуваат од комерцијалното. Модерната алтернатива за вел, се нејзините додатоци кои се нежни, романтични и префинети мини шапки, што ќе направат да изгледате посебно. Дизајнерката Фостер рачно ги изработува, а Англичанките ја обожаваат нејзината работа.

 

Ако датумот на вашата венчавка наближува, можеби овие аксесоари ќе ве инспирираат да имате на главата нешто слично или можеби да побарате некој да ви изработи.

 

Објавено:
29 ноември 2013
Категорија: 
Бела соба