Познатиот српски дизајнер Михано Момоса деновиве ја објави новата колекција венчаници која повторно ги воодушеви неговите обожавателки.

Како и секогаш, заедно со колекцијата, дизајнерот објави и романтична кампања во која ги претстави новите модели преку прекрасна манекенка и секогаш, минималистички, но стилски сет.

Сите фустани од колекцијата се неодоливо романтични, претежно со откриени рамена, украсени со впечатливи додатоци, надополнети со срце со порака во предниот дел, долги велови, сребрени и уникатни шноли и уште многу други стилски моменти.

Што се однесува до боите, и овојпат преовладува белата, но има и еден прекрасен фустан во нежна крем нијанса целосно изработен од пердуви по кои дизајнерот е и познат.

Во колекцијата дизајнерот смести и комбинезони на едно рамо со ремен на половината, одлично скроени и секогаш стилски.

Дел од истата се и модни додатоци како бели сандали, шноли и чантите со интересни форми во нежни бои што дизајнерот ги претстави пред некое време.

Погледнете како изгледа шармантната колекција на Михано Момоса.

Инфо и фото: Bonjour.ba

Објавено:
10 јули 2019
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
375 пати