Венчаница – семејно наследство цели 120 години

25 септември 2015

Ејбигејл Кингстон (30) од Пенсилванија многу лесно го најде венчалниот фустан од соништата. На неа не ѝ беа потребни месеци по потрага, или посета во Клајнфилд, бидејќи таа знаеше дека сака да го носи фустанот што претходно го носеле нејзината мајка и баба и уште осум други женски членови на семејството.

Венчалниот фустан во семејството Кингстон опстојува 120 години и е нивно семејно богатство.  Првпат го носела прапрабабата на Ејбигел во 1895 година, по што се пренесува од генерација на генерација. Последен пат е носен во 1991 година, а 30-годишната невеста реши да ја прекине паузата и да го облече за својата свадба.

После еден век, фустанот од свила и сатен воопшто не бил во добра состојба, особено ако на тоа се додаде и фактот дека го носеле невести со различни големини, па Ејбигел помислила како можеби и нема да успее да го спаси фустанот.

-Ракавите се распаѓаа, а целиот фустан беше со дупки. Белиот сатен имаше неубава кафена нијанса – вели невестата за еден локален медиум во Пенсилванија.

После 200 часа преправки од страна на дизајнерката Дебора Лопрести, вклучувајќи ја и промената на боја, додавањето нови ракави, фустанот беше обновен токму на време за свадбената веселба на Кингстон, која е  закажана за 17-ти октомври.

Но, поради „кревкоста“ на фустанот, невестата ќе носи друг за време на церемонијата.

-Не се работи само за тоа дека фустанот се предава. Се работи за љубов. Тоа е љубов. Кој би помислил дека нешто може да трае толку долго – вели мајката на Ејбигел, Лесли.

Невестата исто така на тој ден ќе носи медалјон од нејзината баба и прстен од прабабата.

-Навистина сме среќни и благословени што можеме да ја чуваме и одржуваме традицијата – потенцира Лесли.

Објавено:
25 септември 2015
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
4.890 пати