Венчаници какви досега не сте виделе

20 јануари 2015

Повеќето невести својот ден на венчавката го замислуваат сончев, но доколку заврне и  ако носат некоја од овие венчаници, тие сигурно нема да останат како во првобитната форма. Уметницата Асија Козина која потекнува од еден од најголемите градови во Русија, Санкт Петербург, креираше необични футуристички и ексцентрични венчаници кои ни повеќе ни помалку се изработени од хартија.

Станува збор за уметнички израз инспириран од венчаниците на невестите во Монголија, кои се носеле пред околу стотина години. Денес, монголската венчална облека се изработува од ткаенини во боја и впечатливи дезени, за кои Асија смета дека само го одвлекуваат  вниманието од деталите на овие деликатни фустани.

Исто така нејзиниот став е дека токму необичноста на венчаниците е примарната репрезентативност на нацијата. Во интервју за Pixable таа вели дека употребила хартија пред се поради огромниот потенцијал од разновидната практичност.

-Единстен проблем во реализацијата беше фотографирањето на моделите, бидејќи тие не се во можност да позираат во седечка позиција. Јас ја почитувам културата на Монголија и сум импресионирана. Таа моја пасија ја интерпретирав во овие необични венчаници, завршува  Асија Козина.

 

 

 

Објавено:
20 јануари 2015
Категорија: 
Бела соба