Изборот на венчален фустан е еден од најпотресните моменти за жените. Потрагата по вистинскиот честопати знае да биде долг пат, поплочен со многу нервози, возбуда, стрес, солзи, но важно е крајниот резултат да е широка насмевка.

При изборот на венчаница, се внимава на сè – кројот, материјалот, модните додатоци, деталите, финансии, и како ни стои - и од напред и од позади.

Токму денешниот текст во оваа рубрика го посветуваме на изгледот на венчаниците од преку рамото, поточно на грбните отвори.

Со тантела, мрежичка, копчиња, или целосно отворен грб, изборот е ваш. Ако сè уште не сте го оформиле моделот на вашиот венчален фустан, се надеваме дека фотографиите од  галеријата ќе бидат инспиративни за вас.  

Објавено:
20 август 2015
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
2.861 пати