Венчаници како создадени за неконвенционални бохо невести

21 февруари 2019

Не секој се пронаоѓа во раскошните венчаници со волуменозни здолништа и корсети. Исто така, не секој се чувствува пријатно во тесни модели.

Токму затоа, денес фокусот го ставаме на венчаници кои се како создадени за неконвенционални невести што го преферираат бохо стилот.

Инспирацијата ја најдовме кај уличниот бренд „Сезан“.

Фустаните се најчесто изработени од тантела - нежна, класична, перфорирана, со што се постигнува тој винтиџ изглед. Во зависност од моделот, должината варира од мини до макси, но она што ги обединува сите е ретро нотата која е воочлива, слободниот крој и романтичноста.

Од друга страна, брендот нуди и едноставни, минималистички модели, но повторно различни од стандардните модели на кои сме навикнати.

Нивните предлози се минималистички комбинезони со интересен израз на грбот, или пак едноставни кратки, односно миди фустани, со дискретни детали.

И фотосесијата што ја следи колекцијата е во бохо стил, па ниту еден од моделите не е искомбиниран со чевли, а цветното венче во коса само е уште еден пример за тоа како можете да изгледате на вашиот посебен ден.

Погледнете :

Објавено:
21 февруари 2019
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
1.071 пати