Венчавка и планови: Како тоа функционира заедно?

13 ноември 2013

Апсолутно се знае дека за својот голем ден секоја жена сака да помине беспрекорно и магично. Меѓутоа, пропустите се случуваат, а да не дојде до нив или барем да се сведат на минимум, прочитајте ги нашите совети.

Оставете место во паричниот

Свадбениот буџет би требало да ја следи оваа формула:

-48 до 50% вкупен буџет за прием, 8 до 10% за цвеќе, 8 до 10% за костум, исто толку за музика, од 10 до 12% за фотографија и видео, 2 до 3% за подароци.

Не плашете се да прашувате

Вашите помошници во текот на организирањето треба да бидат луѓе кои можат да ви дадат одговори на потребните прашања. Кога ќе ги одберете вистинските ќе се почувствувате ослободено. Поентата е дека морате да бидете слободни во отворениот разговор со нив и да барате или прашате се што ве интересира.

Чекајте

Понекогаш, работите кои се прават во последен момент понекогаш знаат да одат во ваша корист. Со оглед на тоа дека многумина резервираат ресторани, и хотели по шест месеци однапред, затоа ако се организирате со прашањата и до два месеци порано, можете да зачувате дури 25% опд вкупниот буџет. Освен тоа петок и недела по некое правило се поефтини отколку венчавките во сабота.

Направете правила за деца

Имате 4 опции: Можете да ги пречекате децата со раширени раце, може да имате венчавка само за возрасни, можете само со роднините до прво колено или можете да изнајмите агенција која за време на венчавката ќе се грижи за децата, но тоа секако се плус пари. За да го избегнете лутењето од сите страни, децидно кажете го вашиот став дека оваа венчавка е само за возрасни без деца.

Залудно потрошени пари

Бидете подготвени и на ова, зашто сигурно некои од гостите нема да се појават, а платената порција ќе оди бадијала.

Објавено:
13 ноември 2013
Категорија: 
Бела соба