Во светот на бајките: Нова колекција детски фустани од Елена Лука

10 август 2016

Модниот бренд „Елена Лука“ овој пат нѐ носи во светот на бајките. Новата колекција на свечени фустанчиња за најмладите, ќе ви предизвика најубави емоции.

Изработени од тул во бела и пастелно розова нијанса, од тантела, или со рачно пришиени тантелни апликации, овие креации ќе направат вашите најмили девојчиња да изгледаат како вистински мали принцези. За изгледот да биде комплетен, создадени се и посебни модни додатоци за глава, украсени исто така со тантела и украсни камчиња.

Од тимот на модната куќа велат дека идејата за ваква колекција всушност произлегла од големата побарувачка, на што биле подготвени веднаш да одговорат и да покажат дека мислат и на најмалите.

Колекцијата е презентирана и со неодолива фото-сесија, која веруваме успеа да измами насмевка секому, а во целост ви ја презентираме во продолжение:

Објавено:
10 август 2016
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
3.009 пати