За идни невести: Проновиас и Маркеза имаат заедничка колекција венчаници

9 март 2021

Кон почетокот на месецов, шпанскиот бренд за венчаници „Проновиас“ објави дека има нова колекција, а за истата бил задолжен тим од модната куќа „Маркеза“.

Од американската модна куќа пак се воодушевени од соработката.

„Колекцијата „Маркеза за Проновиас“ ги спојува њујоршкиот couture израз и страста на Шпанија. Фустаните се комбинација на романтиката на Маркеза со медитеранската сензуалност“, велат од познатиот бренд.

Покрај ова, инспирацијата ја црпеле од убавините на Севилја, сакајќи да го имплементираат „вкусот на Европа“ во секое од парчињата, нудејќи софистицираност во комбинација со богатството на шпанската култура.

Така, резултатот се венчаници кај кои доминираат цветните мотиви, карнери од една страна, а од друга смирени линии и минимализам. 

Доколку ова ви звучи интересно и се пронаоѓате во некој од описите, а притоа сте идна невеста, во продолжение погледнете ги фустаните, можеби ќе бидат супер инспирација за вашиот невестински изглед.

Објавено:
9 март 2021
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
1.436 пати