Зимската венчавка ќе ве чини поефтино

16 декември 2013

Зимата е одлична доба од годината за размена на венчалните прстени, а споено со сите останати елементи, зимската венчавка може да биде магична. Инаку, венчавката во овој период има низа предности во однос на пролетна или летна венчавка.

-Трошоците за зимска венчавка се речи си на половина од оние во друг временски период. Зошто? Тоа е така поради тоа што овој период не е актуелен за венчавки.

-Изнајмувањето на сала во ресторани и хотели е поефтино отколку во месеците кога сите сакаат да се венчаат.

Но, зимската венчавка има и специфични недостатоци:

-Лошо време со мраз и снег е важната карактеристика за оваа сезона. Доколку ненадејно има невреме вашите гости можеби ќе бидат спречени да дојдат.

-Ова е период на празници, кога гостите можеби испланирале некое патување.

Сепак, правилното планирање може да ве огради од слични непријатности.

Овој период рестораните веќе се украсени, така што доколку тоа добро го извеле, а вас ви се допаѓа, нема да морате да плаќате за декорација. Зимата е доста инспиративна, освен ако го занемариме студот, вие можете да имате идеална романтична венчавка, која сигурно ќе биде поразлична од сите останати. Во продолжение погледнете неколку фотографии кои ќе ве инспирираат ако набрзо доаѓа вашата прослава.

 

Објавено:
16 декември 2013
Категорија: 
Бела соба