Зошто лимузините се посебни на венчавка?

15 август 2013

За голем број  млади брачни парови свадбената веселба задолжително е во знакот на лимузина со шест врати, како знак на престиж или сеќавање на едно убаво, богато време.

Пред неколку години, но и денес, свадените веселби со изнајмени лимузини беа и се уште се честа појава. Но, има и такви случаи каде наместо луксузната лумузина младенците избираат пајтон.

Кога сме кај лумузините, ако размислувате и вие да изнајмите една таква, тогаш fashionel.mk  ќе ве насочи колку пари треба да одвоите за овој автомобил и колку време ќе го поседувате. Просечната цена за да изнајмите ваква лимузина е 250 евра, а ќе ја имате шест часа со личен возач и обезбеден пијалок.

Доколку не сте од Скопје или венчавката ја правите во другите градови во Македонија, цената сигурно ќе биде повисока. Венчавката е можеби единствениот момент кога можете да се повозите во лимузина, така што ако можете да си ја допуштите сигурно ќе уживате и ќе се чувствувате посебно. Ако пак сте од оние што сакаат автентичност и оригиналност, тогаш изнајмете си пајтон, тој сигурно ќе ве чини поефтино.

Објавено:
15 август 2013
Категорија: 
Бела соба