Зошто не си поканет на мојата венчавка?

13 август 2014

Една невеста одлучи на својот профил од социјалната мрежа Фејсбук да ја напише причината зошто некои пријатели не се поканети на нејзиниот голем ден. Постот кој таа го објави за своите „пријатели“ гласи вака:

Оваа недела праќаме покани за нашата венчавка. Го прегледувам списокот на луѓе кои ќе бидат повикани. Имаме ограничен број места и во црква и во ресторан. Ќе се обидам да бидам појасна, за да не повредам некого. Ако не добиете покана од нас, еве ги потенцијалните причини зошто е тоа така:

  • Те повикав секојпат кога нешто организирав и не се појави
  • Ти си само колега од работа со кого едвај си кажуваме добро утро
  • Доаѓав на твоите случувања, а ти за моите не се ни јави
  • Се дружевме преку пријатели и никогаш не бевме блиски
  • Ако некогаш си ме озборувал дефинитивно не си повикан
  • Веројатно ќе дојдеш само за јадење и пиење, а не да ја поделиш среќата со нас
  • Твојата венчавка помина, а јас не бев поканета

Можеби и Вие пред прославата помисливте на дел од горенаведеното, но  на венчавката имавте повеќе гости, само за да го задржите таканареченото „пријателство“.

Објавено:
13 август 2014
Категорија: 
Бела соба