Зухаир Мурад ги трансформира невестите во самовили со неговата последна колекција на венчаници

12 октомври 2022

Есенската колекција венчаници за 2023 на дизајнерот Зухаир Мурад ја трансформира невестата во вистинска самовила, отворајќи ѝ прозорец кон еден нов фантастичен свет на митови и магија.

Фото: zuhairmurad.com

Фото: zuhairmurad.com

Колекцијата изобилува со дизајни кои ја бришат јасната линија помеѓу реалноста и имагинацијата, со нежни силуети и лелеави материјали, како свилен тул и дијафанозна органза, кои креираат вистинска магија во движење.

Фото: zuhairmurad.com

Преовладуваат грациозноста и деликатноста со беспрекорна мешавината на материјали и извонредните украси. Микадото го обвиткува телото во сензуална прегратка, со извезени ливади од ситни глуварчиња и цветчиња, прекриени со деликатна тантела и монистра.

Фото: zuhairmurad.com

Фото: zuhairmurad.com

Елегантните корсети воодушевуваат со романтични деколтеа, а половината се истакнува дополнително со помош на обемните и волуменозни здолништа.

Фото: zuhairmurad.com

Колекцијата се карактеризира со неодолива суптилност, чистота и кристална белина.

Фото: zuhairmurad.com

Објавено:
12 октомври 2022
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
514 пати