Зухаир Мурад има нова невестинска колекција инспирирана од ретро-изгледот

19 април 2021

Либанскиот дизајнер Зухаир Мурад неодамна ја презентираше новата невестинска колекција.

Инспириран од ретро-изгледот на жената, пласира фустани кои вели ќе направат невестата да изгледа привлечно и волшебно истовремено.

Срцевидно деколте, странични набори, широки здолништа, свила, тафт но и тантела со светкави кристали, карнери и нагласени ракави, транспарентни елементи, долги велови - едноставни и збогатени со тантела - Мурад прави спој на неколку естетики.

Но, во секоја од овие креации е нагласена половината, односно со тоа ја нагласува и женственоста, нешто што беше посебно актуелно во 1950-тите. 

Поради тоа ретро влијание не изненадува тоа што одлучи овој пат да ги претстави моделите преку црно-бели фотографии. 

Но, и покрај тоа што се инспирира од некогашниот изглед на жената, сепак вели овие венчаници се наменети за современи невести, кои сè уште веруваат во љубов.

 

Објавено:
19 април 2021
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
687 пати
Тагови: 
Зухаир Мурад