ELENA LUKA HOME советува: Како да ја „прочитате“ локацијата пред да купите стан?

Во време кога архитектурата станува сè посмела, поддржана од нови материјали и технолошки решенија, се појавува една вечна вистина која никогаш не ја губи силата: локацијата е највредниот елемент што го дефинира секој објект.

Ниту најсовремениот дизајн, ниту најскапите фасади, ниту најиновативните конструкции не можат да ја надоместат моќта на просторот во кој една зграда е поставена.

Токму затоа архитектите сè почесто истакнуваат дека добрата локација не може да се купи – таа се пронаоѓа, се почитува и се користи како најсилен аргумент на секој проект. Современите урбанистички трендови го потврдуваат истото. Градовите што растат брзо, како Скопје, Сингапур или Даблин, покажуваат дека успешните градби не се препознаваат само по нивната форма, туку по интеракцијата со околината.

Локацијата го диктира квалитетот на живот, пристапноста, видливоста, па дури и економската вредност на објектот. Таа ја носи приказната, историјата и иднината на просторот. Добриот проект секогаш почнува со читање на теренот.

„Зградата мора да му одговара на местото, а не обратно“, велат професионалците. Сончевата изложеност, природниот релјеф, блискоста до зелени површини, шумата, реката или урбаната динамика – сите овие елементи го дефинираат карактерот на архитектурата пред да се повлече и првата линија во проектот.

Инвеститорите одамна ја разбираат оваа логика. Затоа локациите во центарот на градовите, покрај клучни булевари, во близина на училишта, клиники, културни институции или природни атракции, се најбараните. Тие не се продаваат само како квадратен метар, туку како квалитет на живот. Кога архитектурата е поставена на вистинското место, таа добива двојна вредност – естетска и функционална.

Некои од најуспешните светски примери токму тоа го докажуваат: објекти кои се стопуваат со природата, згради кои ја користат реката како главна оска, комплекси изградени околу зелени јадра. Во Македонија, истата тенденција се гледа во новите урбани развојни зони каде локацијата станува основа околу која се гради целата архитектонска филозофија. На крајот, она што ја прави една зграда незаборавлива не е само изгледот – туку чувството што го создава местото во кое е поставена.

Архитектурата е уметност, инженерство и визија, но пред сè, таа е дијалог со просторот. А тој дијалог секогаш започнува со најважниот збор: локација!

Главите позитивни карактеристики наведени погоре ги има и FUTURA Complex на ELENA LUKA HOME

Лоциран во општина Кисела Вода, на булевар Борис Трајковски, на само неколку минути пешачење од центарот на Скопје, FUTURA Complex e сместен во опкружување со развиена социјална инфраструктура и со сите капацитети што ги задоволуваат потребите на современиот човек.

Модерен дизајн, кредибилитет, висококвалитетни градба и материјали, функционалност, урбан животен стил – FUTURA Complex е концепт кој ги обединува сите аспекти за квалитетно живеење. Токму она што го зборуваат и светските архитекти.

Инаку, комплексот вклучува четири станбено-деловни објекти со вкупна површина од 47.668м2. FUTURA 1, FUTURA 2, FUTURA 3-4 имаат вкупно 399 станбени единици, со различна типологија и со квадратури од 23м²-96м² распределени на седум ката и поткровје, додека приземјето е резервирано за атрактивен деловен простор.

МОЈА НОВА АДРЕСА- ELENA LUKA HOME

Автор: Небојша Толески