ELENA LUKA encourages creativity and innovation among young people

Преку награден конкурс наменет за сите матуранти и полуматуранти од Струмица ЕЛЕНА ЛУКА ги поттикнува младите да го изразат својот уметнички дух и да креираат скица на свечена тоалета соодветна на овие важни прилики. Својот талент младите можат да го покажат со тоа што ќе испратат најуникатен и инспиративен дизајн кој ќе биде оживеан од врвните професионалци на ЕЛЕНА ЛУКА и со него да блеснат на настанот кој со нетрпение го очекуваат.

„ Уметноста е најубавиот начин младите да ја изразат својата креативност и уникатност. Кога уште од мали години создаваат нешто свое, тие не само што ја развиваат имагинацијата, туку и ја градат својата самодоверба. Модата е бесконечен простор за изразување – секоја линија, боја или текстура е приказна. Затоа е важно да ги поттикнеме младите да творат, зашто така создаваат свет во кој нивната визија добива форма.“- вели ЕЛЕНА ЛУКА

Најдобрите скици ќе бидат изложени и младите уметници ќе можат да се гордеат со своето дело. Учеството на конкурсот е многу едноставно, треба да се достави оригинална скица која е подготвена од младите ентузијасти во ателјето ЕЛЕНА ЛУКА Струмица или по пошта на ул„ Гоце Делчев 104 “со назнака  – конкурс ЕЛЕНА ЛУКА со име и презиме, улица и телефонски број.

Конкурсот започна на 01.12.2024 и ќе трае до 31.01.2025 година.

No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.

en_GBEnglish