По успешниот документарец за животот на Дејвид Бекам, сега и неговата сопруга добива своја минисерија.
Netflix вчера ја објави веста дека ќе започнат со продукција на серија за животот на Викторија.
Според наводите од тамошните медиуми истата ќе го опфати периодот од деновите на Spice Girls, па се до дизајнерските подвизи и етаблирањето на модна империја.
Фановите ќе имаат можност одблиску да погледнат во животот на дизајнерката, нејзиното семејство и најблиските.
Се очекува во серијата да се појават и останатите членки на некогашната поп група Гери, Мел Б, Мел С и Ема.
Зад продукцијата застанува продукциската куќа на Дејвид Бекам Studio 99, којашто го направи и неговиот документарец Beckham.
Точното име на серијата и стартот на емитување се уште не е познат, но јасно е дека ќе предизвика големо медиумско внимание.
Photo: Pinterest