Orange color for interiors with a warm atmosphere

Во духот на есента, како една од најпрепознатливите бои за оваа доба од годината е портокаловата боја. Таа се добива како резултат на мешање на две основни бои – жолтата и црвената. Постојат многу варијации на портокалова боја, а тонот зависи од пропорциите на жолтата и црвената боја. Потоа, за нијансирање се додава малку бела или црна боја, за да го постигнеме посакуваниот резултат.

Портокаловата боја спаѓа во оние т.н. топли бои кои зрачат со свежина и топлина истовремено. Имајќи ја топлината од црвената боја и оптимизмот од жолтата, портокаловата боја рефлектира енергија и креативност, а ја поттикнува и социјализацијата.

Портокаловата боја оди одлично во комбинација со нејзините сродни бои – жолта и црвена, а за поголем контраст се употребуваат и сината и виолетовата.

Внесувајќи ја оваа боја во домот, ќе внесете голема доза топлина и комфор. Можете да ја употребите како основа за било која просторија од домот, бојадисувајќи ги ѕидовите во портокалово, а можете да изберете и некој дел од мебелот во оваа топла боја.

Се надеваме дека ќе се инспирирате за топла промена во домот со нашите денешни предлози и дека ќе си го разубавите животот преку моќта на портокаловата боја во креирање топла атмосфера.

Photo: Pinterest

No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.

en_GBEnglish