Празниците се совршено време да уживате во убавите мигови, пријатното друштво и облека која ве прави да се чувствувате посебно. Добро избраните модни додатоци можат да го надополнат вашиот изглед и да го направат впечатлив и неодолив.
Ви ги претставуваме петте модни аксесоари кои ние ги селектиравме и кои со сигурност кои ќе го истакнат вашиот празничен стајлинг.
Сјајна чанта
Малата чанта со металик ефект или кристали е совршен избор за празничните забави. Не само што ќе го задржи вашиот изглед минималистички и елегантен, туку ќе додаде и доза на гламур. Изберете златна, сребрена или бронзена нијанса за да ја надополните вашата облека.
Обетки со кристали
Ништо не носи празничен дух како блескави обетки. Долгите обетки со кристали или перли се идеален избор за да го привлечете вниманието кон вашето лице. Овие парчиња се доволно впечатливи, што значи дека можете да ги комбинирате со посуптилна облека. Тие најдобро прилегаат со црна елегантна безвременска комбинација.
Чорапи или хулахопки со декорации
Смелиот избор на чорапи или хулахопки со светки, точки или уникатен дизајн може да го освежи секој празничен стајлинг. Одлично се вклопуваат со мали црни фустани или минималистички комбинации и додаваат софистициран допир.
Ремен со украсен детаљ
Ремените со украсни детали, како што се светки или метални елементи, се совршени за да го нагласите вашиот струк. Тие можат да се носат над фустан, комбинезон или дури и над класичен костум за да додадат посебен шарм на вашиот аутфит.
Накит за коса
Празничниот изглед не е целосен без мал допир на гламур во вашата коса. Украсите како шноли со кристали, сатенски ленти или венчиња со украси додаваат шик вибрации и го прават вашиот стајлинг автентичен.
Како да ги комбинирате овие модни додатоци?
Клучот е балансот – ако изберете впечатлив моден додаток, останатиот дел од облеката треба да биде поедноставен. Пример, ако носите мини чанта со кристали, ставете обетки кои се посуптилни. Изберете го оној моден додаток кој најмногу ви прилега и уживајте во празничната еуфорија.
Фото извор: pinterest