Yutori – an ancient Japanese technique for finding happiness

Потрагата по среќа и баланс во животот е она кон што се стремиме секојдневно.

Но, во ова стресно и брзо време не е така лесно да се пронајде рамнотежата која ни е потребна за хармонично функционирање.

Древните народи и култури имале свои начини како да се справат со проблемите во животот, а една таква филозофија ни доаѓа од Јапонија.

Станува збор за древна вештина наречена Јутори, којашто не учи малку да забавиме и да пронајдеме задоволство во мигот.

Јутори може да се преведе како простор што го создаваме за себе во времето, мислите и секојдневните активности.

Пауза за да можеме да уживаме во моментот без да мислиме на целта.

Јутори не потсетува дека треба да си создадеме простор, односно резерва време и енергија за некои непредвидени ситуации.

Кога сме максимално присутни во тоа што го правиме, тогаш можеме вистински да ја осетиме благодетта на малите работи.

Оваа вештина се поврзува и со минималистичкиот пристап во животот – што помалку тоа подобро.

Јутори не учи и дека животот не е трка, туку патување во коешто е важно да се ужива во секој чекор, без разлика колку е тежок.

Фото:Pinterest

No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.

en_GBEnglish