Долгоочекуваното бебе Бибер пристигна. Гордиот татко Џастин на својот Инстаграм профил сподели фотографија од бебешко стапало под коешто напиша Welcome home, Jack Blues Bieber .
Хејли и Џастин Бибер прв пат ја објавија веста за бременоста во мај што беше пречекано со големо воодушевување од страна на фановите.
Хејли која моментално важи за една од it девојките на холивудската сцена, ја стартуваше својата кариера како манекенка, а потоа ја освои козметичката индустрија станувајќи една од фаворитите на многумина.
За тоа време пејачот кој стекна огромна популарност уште како дете, ја паузираше својата кариера, најмногу од здравствени причини.
Двојката ја круниса својата долгогодишна емотивна врска во брак во 2018 година, а прославата се одржна во кругот на семејството и најблиските.
Честитки за новите родителите пристигнаа од многу познати личности, а фановите се во исчекување на првите фотографии од бебето Бибер.
Photo: Instagram