ELENA LUKA's holiday collection – synonymous with glamour and sophistication

ЕЛЕНА ЛУКА ја претстави својата празнична колекција која претставува раскошна симфонија на луксуз, гламур и софистицираност.

Во ексклузивната фото-сесија, инспирирана од приказната на две другарки кои уживаат во празничната магија, ЕЛЕНА ЛУКА оживеа дизајни кои ја доловуваат суштината на празниците – радост, гламур и неповторлива убавина.

Оваа колекција содржи единствени креации, од која секоја засебно претставува уметничко дело. Од свечени фустани до прецизно скроени дводелни костими, секој дизајн зрачи со префинетост и уникатен шарм.

„Секое парче од празничната колекција е креирано со љубов, страст и внимателна посветеност на деталите. Материјалите за оваа колекција се избрани претенциозно, водејќи совршено сметка за идеална силуета, истакнувајќи ги најубавите атрибути на една дама. Нашата визија беше да создадеме облека што ќе биде синоним за незаборавни моменти, стил и елеганција.“- велат од ЕЛЕНА ЛУКА.

Во фокусот на оваа колекција е брокатот кој се издвојува како врвно олицетворение на елеганција и безвременски стил.

Црвената и златната боја доминираат како симболи на топлина, страст и празнична магија, додека уникатните детали внесуваат нота на раскош и празничен сјај.

Црните фустани кои се дел од оваа празнична колекција со својата класична и безвременска елеганција, нудат идеално решение за оние кои сакаат да изгледаат истовремено мистериозно и впечатливо.

Инспирирана од магијата на празничниот дух, оваа колекција е совршен избор за оние кои сакаат да го привлечат вниманието со суптилна префинетост и несекојдневен стил.

Празничната колекција на ЕЛЕНА ЛУКА е достапна тукаHoliday Season – Elena Luka

No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.

en_GBEnglish