ELENA LUKA's striking creations shined on Sitel's thirtieth birthday

Македонскиот народен театар вчеравечер беше претесен да ги собере сите соработници и пријатели на Сител телевизија кои дојдоа заедно да го прослават нејзиниот јубилеен триесетти роденден.

Во улога на домаќин на настанот кој денеска е топ тема, се појави Лила Филиповска која носеше впечатлива, галантна креација на ЕЛЕНА ЛУКА. Тоалетата во која Лила се појави за оваа важна прилика беше во асиметричен, уникатен стил кој  создаде силен ефект на нејзината сценска појава.

Присутните на настанот имаа можност да уживаат во квалитетна музика и изведби на оперските певици Ана Дурловски, Билјана Јосифов и Виолета Арсовска, кои исто така носеа елегантни и гламурозни креации на модната куќа ЕЛЕНА ЛУКА и на настанот му додадоа совршена холивудска нота.

Дел од роденденската прослава беа и многу познати личности меѓу кои и професорката Татјана Алексиќ која е долгогодишна соработничка на брендот ЕЛЕНА ЛУКА, облечена во елегантен и безвременски модел на истакнатата модна куќа. Сите тие уживаа во одличната атмосфера која долго ќе се памети.

Лила Филиповска

Ана Дурловски

Билјана Јосифов и Виолета Арсовска

Татјана Алексиќ

No Comments Yet

Leave a Reply

Your email address will not be published.