Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Здравје
  • Бела соба
  • Интервјуа
  • Култура
  • Архитектура
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

Фотографии што ќе ве насмеат – винилки во нов контекст во секојдневието (и вие може да се придружите)

Пасионираните колекционери на винил изданија, ќе ви кажат дека тоа е страст што нема врска со тенденциите. Но, во поново време ретро винил изданијата повторно оживуваат и добиваат на популарноста како во своите „златни времиња".

Дури може да посочиме и конкретен пример кај нас, поткрепен со потегот на неколку македонски бендови што се одлучија својата музика да ја стават и на винил формат, а неодамна долгогодишниот музички новинар Тошо Филиповски го промовираше своето второ капитално дело посветено токму на винил изданијата што ги имаат издадено македонски музичари во период од 1958 до 2019 година.

Сите овие податоци укажуваат на фактот дека винилките не само што сè уште живеат, туку се предизвик за новите генерации, а повозрасните со задоволство им се навраќаат.

Токму во тој контекст е и виралната "интернет манија" на која се приклучуваат се поголем број љубители на винил изданија, кои се фотографираат со омоти на винилки сместени во интересни и креативни композиции.

Како изгледа тоа, погледнете во фото галеријата.

Би се придружиле ли со ваша фотографија?

Фото: Bored Panda

31 јули 2019

Други галерии

Јануарска улична мода во...

National Geographic ги од...

Инспиративни идеи за ново...

Семејниот албум на Обама

Шармот на уличната мода в...

(Фото) Зелени нијанси как...