Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Бела соба
  • Култура
  • Интервјуа
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

20 најлоши облечени ѕвезди на црвениот килим во 2020

Годинава настаните на кои можевме да ја коментираме модата на црвениот килим се броеја на прсти. Сепак, на изминување на 2020, период кога се прави ретроспектива на тоа што се случувало, ние одлучивме да се потсетиме на тоа кои креации од црвениот килим ни оставиле впечаток, но не на добар начин.

Ако треба да одбереме настан кој буквално нема ниту една добра креација на црвениот килим, тоа дефитивно се "Ем-ти-ви" наградите. Не би коментирале ништо, ќе ве оставиме да се потсетите со клик на линкот тука.

Но, индивидуално, годинава на „негативната листа“ се најдоа дами кои најчесто се спротивен пример. На пример, Кејт Бланшет е една од жените кои важат за најдобро облечени, но нејзиниот избор на „Златните глобуси“ не беше баш најсреќен. Креацијата беше на познатата дизајнерка Мери Катранзу, но годниот дел не ласкаше на фигурата на Бланшет.

И Гвинет Палтроу беше меѓу присутните на истиот настан, а се појави во транспарентна креација со карнери од „Фенди“, во тотално непривлечна кафена нијанса. Дури ниту модните познавачи не беа сигурни дали ова издание на Гвинет е за „да“ или за „не“. 

Били Ајлиш е препознатлива по „неуредниот“ стил, но „Шанел“ комплетот на „Оскарите“ навистина не беше добар избор, бидејќи изгледаше како да го позајмила од баба ѝ.

Талентираната Кристен Виг се појави на „Оскарите" во креација на во „Валентино", која ѝ донесе публицитет, но не добар. Многумина нејзината креација ја споредуваа со тоалетна четка.

Селма Хаек често се наоѓа на листата на најлошо облечени жени. Ние се одлучивме за нејзиниот моден избор на „Златен глобус“, каде во преден план го стави деколтето. Креацијата на „Гучи“ беше тотална утка за неа, пренагласувајќи го она што треба посуптилно да се сокрие и да се направи баланс.

Појавувајќи се во креации чиј концепт не баш јасно се сфаќа, или пак воопшто не ѝ ласка на нивната фигура, меѓу познатите дами кои се најдоа на листата се и Мел Си, Бела Хадид, Леа Сејду, Мајли Сајрус, Руни Мара и други. 

Погледнете:

26 ноември 2020

Други галерии

Ако имате домашни милениц...

Фото патување низ Фиренца...

Најдобрите комбинации од...

На забавата после „Златни...

Летен моден поздрав од Ми...

„Експлозија“ од бои во пр...