Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Бела соба
  • Култура
  • Интервјуа
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

39 пати кога Меган Маркл модно триумфираше

Гледајќи ја модната ретроспектива на Меган Маркл, која денеска го прославува 39. роденден, имала многу модни погодоци. Но, сепак највпечатливите стајлинзи ги чуваше за крај. На последните настани на кои ја се појави како Војвотката од Сасекс, ги имаше веројатно највпечатливите појавувања, што секако не е случајност. Си замина со стил и во стајлинзи за кои и денеска се зборува.

„Живанши“, „Хуго Бос“ „Диор“, „Оскар де ла Рента“, „Каролина Ерера“, „Алтузара“, „Викторија Бекам“ се дел од брендовите чии парчиња најчесто бира, а кои поради нејзината титула  на Војвотка имаа голем бенефит што ги бира токму нив.

За потсетување, тиркизниот фустан на Викторија Бекам што го носеше на едно од последните појавувања како претставник на кралското семејство, со патент во задниот дел, беше распродаден за рекордно време.

И тоа не беше единствениот пат. Брендот што го изградија Меган и Хари им помогна на многу познати, но и помалку познати брендови.

За разлика од почетоците во актерската кариера, каде се уште го градеше стилот, сега со себе носи модна препознатливост. Префинетост и минимализам е естетиката која ја негува, а која сепак умее да ја носи на начин што никогаш нема да изгледа досадно на неа.

А фотографиите од галеријата го потврдуваат тоа.

4 август 2020

Други галерии

Алиса во земјата на чудат...

Пролетно дружење во Max...

Како познатите честитаат...

Урбана јануарска мода на...

Нашиот одмор во 20-тиот в...

Фото: Никогаш не сте прес...