Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Здравје
  • Бела соба
  • Интервјуа
  • Култура
  • Архитектура
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

Стилот на Меланија Трамп низ 53 фотографии

Поранешниот модел и првата дама на САД, Меланија Трамп денеска  го прославува 53 роденден.

Меланија Трамп ја следеа низа контроверзии откако влезе во чевлите на првата дама. Од бојкотот на дизајнерите со кој се соочи уште на самиот почеток поради политиката на нејзиниот сопруг, Доналд Трамп, па сè до нејзината релација со него која постојано е под лупата на љубопитното око на јавноста и во која експертите за невербална комуникација, толкуваат многу теми интересни за дискусија.


Но, кога е стилот во прашање, речиси сите се согласни дека таа совршено се носи со улогата на дама со беспрекорен имиџ до кој заслужено е залепен епитетот модна икона.

Секогаш елегантна, одмерена, далеку е модно поинспиративна од актуелната прва дама на САД, Џил Бајден.

Меланија речиси секогаш се труди да ја нагласи половината. Во нејзините појавувања додека беше првата дама, модна формула што често ја применуваше, е комбинацијата на елегантен миди капут и високи потпетици.

Совршено скроениот капут, најчето со нагласена половина, стана неизбежно парче од нејзиниот имиџ, во различен избор на бои и дезени. Во зависност од приликата или протоколот, таа капутот го комбинира со панталони со широки ногавици, килоти или пенсил здолништа, а целината речиси без исклучок е заокружена со женствени високи потпетици.

Фото: Пинтерест

26 април 2022

Други галерии

Футуристичка и женствена...

(Фото) Најубавата летна о...

Најдобрите модни изданија...

Улиците на Милано преплав...

Бијонсе, Џоли, Мистер Бин...

Улична мода Лондон: Уника...