Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Бела соба
  • Култура
  • Интервјуа
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

58 стилски изданија за 58-от роденден на Сандра Булок

Оскаровката и ѕвезда на „Ocean's 8", „Miss Congeniality", „The Blind Side", „Gravity", Сандра Булок, денеска го слави 58-от роденден.

Една од најплодните холивудски актерки, која во 2010 и 2014 беше и најплатената актерка на глобално ниво. Исто така во 2010 година, престижниот магазин „Time" ја вброи во листата на 100-те највлијателни личности, а „People" во 2015 ја прогласи за Најубава жена на светот.

Со улогата на Деби Оушн во „Ocean's 8", филм кој што покрај другото прикажа и фантастична костимографија, Сандра Булок беше во фокусот и на модната јавност, издвојувајќи се како смела модна икона на црвениот килим заедно со комплетната женска екипа од блокбастерот.

Особено последниве години, забележителен е нејзиниот моден ентузијазам и отвореноста за впечатливи стилски комбинации што даваат добар повод да бидат коментирани, да инспирираат, а особено да воодушевуваат.

Силен впечаток остава со секое појавување на црвениот килим. Кој би можел да го заборави нејзиниот моќен изглед во црвен фустан од Мартин Грант на њујоршката премиера на „Bird Box" или фантастичната комбинација со костум и моден додаток во силни розови нијанси, дизајн на Каролина Ерера, што Сандра го носеше неодамна на премиерата на нејзиниот нов филм „The Lost City"...

Нејзиниот роденден ни послужи како повод да направиме ретроспектива на нејзиниот стил низ симболична бројка од 58 стилски изгледи на холивудската шармерка.

26 јули 2022

Други галерии

Кои се вистинските лица н...

Спортска атмосфера во Ско...

Познатите модели на нивни...

Австралијанци демонстрира...

Фантастичниот амбиент од...

Родени во 80-тите, се сеќ...