Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Здравје
  • Бела соба
  • Интервјуа
  • Култура
  • Архитектура
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

Модна ретроспектива во чест на роденденот на принцезата Дајана

Ако беше жива, принцезата Дајана денеска ќе наполнеше 58.години. Миленичката на британскиот народ загина трагично во сообраќајна несреќа два месеци откако наполни 36 години.

Во интервјуто за Венити фер непосредно пред 36 – тиот роденден, таа открила колку е возбудена што конечно ќе започне ново поглавје во нејзиниот живот по разводот со принцот Чарлс.

Таа го стори токму тоа – во последните неколку месеци од животот неуморно работеше на низа хуманитарни проекти по кои и беше позната и стана омилена меѓу народот.

Последниот роденден таа го поминала на хуманитарна гала во Лондон, каде се појави во еден од најубавите фустани по кои остана позната, а истиот го направи нејзиниот пријател, мароканскиот дизајнер Жак Азагури.

По повод нејзиниот роденден, на настанот таа добила огромен број подароци со што уште еднаш се докажа дека иако повеќе не беше принцеза, остана омилена.

 За нејзиниот стил воопшто и не треба да се говори. Истиот од секогаш беше беспрекорен, а не постоеше дизајнер што не сака да дизајнира за омилената прицеза.

Во зависност од пригодата, Дајана секогаш на себе ги имаше совршените парчиња, па така обожаваше раскошни фустани за гала настани, шапки и женствени костими за секојдневните кралски обврски, но и хеланки и блузон во периодот кога сакаше време за себе.

Дека нејзиниот стил во секој момент беше безвременски, докажува и фактот што многу девојки и денеска се инспирираат од нејзините комбинации што ги препознаваме насекаде околу нас.

Принцезата е инспиративна и за Кејт Мидлтон и Меган Маркл во чии стајлинзи многу често можеме да забележиме детали од комбинациите што Дајана ги носела.

Во чест на нејзиниот роденден, во галеријата издвојуваме 58 стилски моменти на омилената принцеза Дајана.

1 јули 2019

Други галерии

Како денес изгледа првото...

Евровизија 2018: Како изг...

Стилот на Скарлет Јохансо...

Стилски преглед на улицит...

Познатите личности сподел...

Галерија: Фотографии од ж...