Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Здравје
  • Бела соба
  • Интервјуа
  • Култура
  • Архитектура
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

Божица и на големото платно и на црвениот килим: Кејт Бланшет наполни 51-година

Дури и да не беше актерка, веројатно повторно ќе беше муза. Една од најинспиративните и најплодните глумици на својата генерација, Кејт Бланшет секогаш го има адутот на својата неповторлива и автентична природа.

Речиси невозможно е да наидете на промашена комбинација во нејзиниот имиџ. Секогаш доследна на себе и соодветно стилизирана на пригодата. Грациозна и во обичен, секојдневен изглед. Затоа што едноставно тоа е нејзиниот став и идентитет, поради кои Холивуд, а и светот ја обожуваат. Затоа што таа не е само статист што позира пред објективите, туку со својата харизма и енергија дава нова димензија на сè што ќе облече на себе, па затоа и најприбирливите дизајнери чувствуваат привилегија кога соработуваат со неа.

На црвениот килим секогаш е класа. Носи Армани, Луј Витон, Валентино, Шанел, Живанши, Александар Меквин... Но, и кога не носи бренд таа е класа сама по себе. Затоа што е Кејт Бланшет!

Денеска полни 51 година, што ние ќе го одбележиме со модна ретроспектива низ 51 фотографија од нејзини впечатливи изданија.

 

14 мај 2020

Други галерии

Ким Кардашијан - жената к...

(Фото) 37-то издание на М...

Омилените капути во уличн...

Рустични кујни: Љубов на...

Грејс Џонс - Вонземска му...

Како да го искомбинирате...