Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Бела соба
  • Култура
  • Интервјуа
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

Читањето може да е опасно... добро: Започна Саемот на книгата

Годинашното издание на Саемот на книгата започна вчера, а се одржува на платото пред спортската сала „Борис Трајковски“.

Временските услови веројатно си го направија своето, па вчера забележавме малку поскромен старт, но саемот ќе трае до 14 септември, така што љубителите на книгите ќе имаат доволно време да го направат својот список и да се подноват со книги.

Покрај фантастичните попусти и акции, и оваа година има интересни промоции на нови книги, од домашни и странски автори, гостувања и интересни штандови.

Вниманието посебно ни го привлекоа оние за најмладите, така што не одминувајте ги никако.

Ако планирате да одите денеска или во наредните денови, ве потсетуваме дека иако на отворено, посетителите мора да носат маска, да држат растојание и  при влез на саемот потребно е да прикажат сертификат за вакцинација или сертификат за прележан КОВИД-19 (важи за сите лица над 18 години).

Работното време на саемот во периодот од 8 до 11 септември е од 10.00-21.00 часот, на 12 и 13 септември од 10.00-20.00 часот, а на 14 септември од 10.00-17.00 часот.

Билетите ќе може да се набават онлајн и на билетарите пред влезот на саемот.

 

9 септември 2021

Други галерии

Ако сте дете на 90-те ови...

Што облекоа гостите за кр...

Една година телевизија Но...

Како изгледа кога танцува...

Гламурозната забава после...

35 интересни начини како...