Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Здравје
  • Бела соба
  • Интервјуа
  • Култура
  • Архитектура
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

Црвен килим на отворањето на 40-то издание на „Браќа Манаки“

Вчеравечер во Битола по 40-ти јубилеен пат беше отворен Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки".

Пред официјалниот старт на фестивалот, на црвениот килим продефилираа бројни љубители на филмската уметност, филмски работници, кинематографи, режисери, актери, дипломати, како и претставници на највисокиот политички врв во државата.

„Едно кадро за мене, едно за историјата" било мотото на браќата Милтон и Јанаки Манаки, кои токму во Битола ја започнале Балканската филмска историја.

Во нивна чест веќе 40 години по ред оваа манифестација им оддава почит на кинематограферите, што го заслужува респектот на домашната и светска јавност, што меѓудругото го вклучува и достојниот изглед на црвениот килим.

Како изгледаше црвениот килим на отворањето на јубилејното издание на манифестацијата, погледнете во галеријата во продолжение.

На свечената церемонија беа врачени наградите „Златна камера 300" за животно дело на Едвард Лакман и „Големата ѕвезда на македонскиот филм" што ДФРМ му ја додели на композиторот Љупчо Константинов.

Фото: Официјална страна на ИФФК „Браќа Манаки"

15 септември 2019

Други галерии

(Фото) Пролет со мирис на...

Совршен пар - чевлите кои...

Совршените голи тела на 2...

Ноемвриска улична мода во...

40 стилски изданија за 40...

Ретро улична мода