Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Здравје
  • Бела соба
  • Интервјуа
  • Култура
  • Архитектура
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

Црвениот килим на Кан речиси без модно промашување

Престижниот Кански филмски фестивал традиционално го собра кремот на филмската индустрија на егзотични азурна обала.

71-то издание на етаблираниот филмски фестивал, покрај одличната програма, е во знакот на вонсерискиот црвен килим, што годинава премина на уште едно повисоко ниво.

Според објавените фотографии од црвениот килим од изминатава недела, до сега може да сублимираме дека Канскиот филмски фестивал го држи приматот на вистински гламур каков што заслужува настан од ваков ранг.

Речиси и нема модно промашување на досегашните стилски дефилеа, што говори за комплетниот третман на ѕвездите и сериозниот пристап кон протоколот на фестивалот.

Иако е неблагодарно да се издвојуваат најуспешните изданија, поради фактот што конкуренцијата е голема, сепак Кејт Бланшет, Ирина Шајк, Лупита Нјонго, Џулиен Мур, Џејн Фонда се меѓу фаворитите за тутилата „стилска кралица на црвениот килим" за годинава.

Во фото галеријата издвојуваме дел од највпечатливите изданија од црвениот килим на Канскиот филмски фестивал што ќе трае до 19-ти мај.

Фото извор: Getty images

14 мај 2018

Други галерии

Најшармантните тапети за...

Улична мода во кал на „Гл...

Фото: Улична мода во боја...

Стилот на Натали Портман...

Забавна и темпераментна у...

(Фото) Пролет со мирис на...