Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Здравје
  • Бела соба
  • Интервјуа
  • Култура
  • Архитектура
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

Дама од новата генерација: 35 совршени модни комбинации од Блејк Лајвли

Модната икона на новата генерација, холивудската актерка Блејк Лајвли, денеска полни 35 години.

Смело чекори по патот на успехот, вбројувајќи се во групата на најбарани и најсимпатични холивудски ѕвезди. Блејк Лајвли е природна, харизматична и грациозна. На годинешнава Мет Гала направи моден бум облечена во ремек делото на Версаче, инспирирано од Њујорк.

Можеби не поседува фатална убавина, како онаа што ја има да речеме Моника Белучи, но сепак во себе носи доза на отменост и совршено чувство за стил, кое честопати е инспирација. Популарната „озборувачка" знае точно што ѝ прилега, па секогаш одбира парчиња кои ја истакнуваат нејзината фигура на вистински начин и честопати е на листата на најдобро стилизирани жени во Холивуд.

Нејзината најголема моќ можеби, е што ѝ успева да изгледа беспрекорно, а истовремено толку спонтано и природно, како воопшто и да не се трудела да се дотерува.

Непретенциозно, а сепак мошне впечатливо, со препознатливост и парчиња што ѝ ласкаат на женственоста, без вулгарност и невкус, а сепак секси, Блејк Лајвли е одличен пример на млада дама од новата генерација.

25 август 2022

Други галерии

Скопски маратон '21...

Капсулната колекција на м...

Какви фармерки се носеле...

Фантастични трансформации...

Најдобрите изгледи забеле...

Модно шоу на улиците во Њ...