Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Бела соба
  • Култура
  • Интервјуа
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

Дарко Лешоски вчера раздаваше љубов

Во присуство на пријателите и оние што уживаат во неговата поезија, младиот Дарко Лешоски вчера ја промовираше својата нова книга „И тогаш Јаков му дари на Јосиф шарена облека“ во издаваштво на Good Mood Media. 

Истата претходно беше најавена преку видео каде дел од неговите почитувачи читаа стихови од поемата по која книгата и го носи насловот, а можете да го видите на линкот тука.

Музејот на современа уметност пак. беше местото каде што сите имаа можност да ги споделат своите впечатоци и каде Лешоски искрено и со многу љубов им се обрати до сите со кои го делеше овој миг. Авторот ни откри дека за настанот биле испечатени само 33 книги, чија цена изнесуваше 330 денари.

Освен поезијата, убавите разговори и лежерноста, кај присутните измамија насмевка и дел од твитовите со ознака #Лешоски, што авторот ги сподели со сите.

Летното зајдисонце уште повеќе придонесе за комплетно доживување на оваа вечер исполнето со искрени емоции. Наскоро ќе биде објавена и информацијата за тоа каде и по која цена ќе можат заинтересираните да ја купат. Инаку, ова е втора книга поезија на авторот. Првата со наслов „Дете од лоша фамилија“ ја презентираше во ноември 2013 година. 

Во галеријата погледнете дел од атмосферата.

13 јули 2017

Други галерии

Грејс Кели во ретко виден...

Центар на машкиот моден с...

Моден поздрав од Шангај

50 идеи за празнични комб...

Фото: Како всушност изгле...

Улична мода Лондон: Впеча...