Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Здравје
  • Бела соба
  • Интервјуа
  • Култура
  • Архитектура
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

Досега необјавени фотографии од Џим Морисон

Деновиве низ медиумскиот простор се појавија досега необјавени фотографии од легендарниот Џим Морисон кој беше пронајден мртов на трети јули 1971 – ва година во неговиот изнајмен стан во Париз.

За фотографиите што беа објавени се вели дека се направени само една недела пред смртта на музичката легенда кога тој уживал во друштвото на неговата сакана Памела Курсон и нивниот пријател Алан некаде на северот на Париз.

Таа недела тој уживал во долгите осамени прошетки низ Париз, но поминувал и доста време со Памела и пријателите.

Неколку дена подоцна, тој бил пронајден мртов во бањата во станот во Париз, а без да се направи обдукција, било посочено дека причината за смртта биле проблеми со срцето, иако информациите велат дека тој се предозирал.

Фотографиите сведочат за фактот дека Џим Морисон беше и ќе остане една од најголемите модни икони во музичкиот свет.

9 август 2016

Други галерии

Урбан викенд на Скопје Ст...

Фотографии што ќе ве насм...

Највпечатливите стајлинзи...

Досега необјавени фотогра...

Ина Михајлова ја претстав...

Ретроспектива на стилот н...