Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Здравје
  • Бела соба
  • Интервјуа
  • Култура
  • Архитектура
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

Елизабет Харли - Жената која со сексапилот е на „ти“

Познатата актерка и дизајнерка, Елизабет Харли порано ја ословуваа како „девојката на Хју Грант“, но со текот на времето успева да изгради свој идентитет и препознатливост во шоу-бизнисот.

Кога е стилот во прашање, таа е жена која со сексапилот е на „ти“. Заводлив поглед и совршена женска фигура е нејзиниот адут, кој не ја напушта и ниту во шестата деценија од животот.

Фустани се нејзиниот начест избор. Ги нагласува облините со самодоверба на која можат да ѝ позавидат многу помлади девојки. Палетата на виолетови, односно розови тонови е императив во нејзиниот гардеробер.

Сепак, едно од нејзините највпечатливи изданија беше во 1994 година кога се појави во фустан на „Версаче“. Тогаш ќе изјави дека за првпат не само што позајмува, туку носи фустан од Висока мода, нешто што години подоцна ќе може да си го дозволи во целост.

Од оние е што може да си дозволи мини должини и на 55 години и што не се плаши да носи светкави и дезенирани ткаенини.

Последниве години, ретко се појавува во јавноста, но затоа на Инстаграм постојано објавува фотографии во бикини. Всушност, таа самата е најдобра реклама за колекцијата костими за капење и облека за на плажа, бренд кој го носи нејзиното име и успешно работи.

Погледнете и сами:

10 јуни 2020

Други галерии

Есенските трендови на ули...

40 најдобри модни изданиј...

Втор ден Моден викенд Ско...

Во служба на романтиката...

9-годишно девојче прави у...

Моден поздрав од Шангај