Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Бела соба
  • Култура
  • Интервјуа
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

Фантастичниот амбиент од отворањето на Зимските олимписки игри

Со спектакуларно шоу вчера на олимпискиот стадион во Пјонгчанг, свечено беа отворени 23-те Зимски олимписки игри.

Олимпискиот дух ги обедини Северна и Јужна Кореја, кои ќе настапуваат под заеднички национални симболи со еден заеднички тим, што е уште еден показател за големата обединувачка моќ на спортот.
Свечената церемонија што ја приредија домаќините беше воодушевувачка, а вклучуваше фантастична сценографија и кореографија, преку кои беше раскажана историјата на корејската култура, но и визионерски поглед кон иднината прикажана преку спектакуларно лајт-шоу.

Во дефилето на отворањето видовме повеќе од 2.900 спортисти од 93 земји. Македонија ја претставуваат тројца спортисти: Ставре Јада, кој ја имаше привилегијата да го носи македонското знаме, а заедно со него во нашиот тим се и Викторија Тодоровска и Антонио Ристевски.

Во фото галеријата погледнете дел од амбиентот од отворањето.
Фото извор: Getty images

 

10 февруари 2018

Други галерии

Џенет Џексон денеска полн...

Најдоброто од филмскиот ф...

Улична мода Made in Itali...

Мајките на познатите личн...

Кејт Винслет е вистинска...

Фото: Инстаграм наспроти...