Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Здравје
  • Бела соба
  • Интервјуа
  • Култура
  • Архитектура
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

Фото: Априлска улична мода низ Скопје!

Викендов што помина беше навистина совршен за прошетка низ главниот град, кафе или ручек со пријателите или пак за неколку топки вкусен сладолед на априлското сонце.

Покрај сите интересни и уникатни маски што можевме да ги видиме за Денот на шегата, објективот на Fashionel „улови“ и неколку супер комбинации од скопската улична мода.

Ако судиме според она што можевме да го видиме викендов што измина, девојките и момците и понатаму најчесто одбираат искинати фармерки и парчиња во пруги за секојдневните прошетки, но и лежерни кошули украсени со разни принтови и кожени јакни совршени за ова време од годината.

Што се однесува до чевлите и модните додатоци, речиси сите уживаа во удобноста на патиките, а очилата за сонце сѐ уште се сметаат за задолжително парче за топлата сезона.

Во галеријата погледнете како изгледаше Скопје изминатиов викенд на првото априлско сонце. 

4 април 2017

Други галерии

Ноемвриска улична мода во...

Што носат парижанките за...

Започнува сезоната на лал...

Фото: Улична мода во боја...

Сите преслатки фотографии...

Првиот моден поздрав посл...