Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Бела соба
  • Култура
  • Интервјуа
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

Фото галерија: „Plus size“ линија на Елена Лука

Индивидуалност, различност, автентичност, карактер – модната сцена сè поинтензивно размислува во овој правец, затоа што нејзината функција е да понуди избор, а не да ограничува.

Конечно, модната индустрија на глобално ниво, наголемо почна да размислува „Plus size".

Нашиот моден бренд „Елена Лука" се надоврзува на својата основна идеја за автентичност во модниот дизајн, но и на идејата за различност присутна во сите светските модни тенденции, со креирањето на специјализираната „Plus size" линија наменета за претстојната сезона есен-зима 2017.

Секој аутфит во оваа „Plus size" колекција носи посебен карактер и свој уникатен лик. Токму како жените за кои е дизајниран.

Сите комбинации се креирани во различни конфекциски броеви заокружувајќи со 54, а меѓу нив застапени се деловни аутфити, свечени тоалети, коктел фустани, комбинации на панталони, кошули, наметки, туники...

Заштитно лице на колекцијата е актерката и соработник на Елена Лука, Весна Петрушевска-Бејби.

30 август 2017

Други галерии

48 фотографии од Наоми Ке...

ФОТО: 35 години од култни...

Улична мода на Sofia fash...

Фото: „Esnaf Street Marke...

Урбан микс на стилови на...

Фото: Костимска проба за...