Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Здравје
  • Бела соба
  • Интервјуа
  • Култура
  • Архитектура
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

Фото: Младите во Русија имаат супер уникатен стил

Неодамна заврши модната недела во Париз, но тоа не значи дека модните шоуа треба да престанат.

Во моментов се одржува модната недела во Русија, каде што млади и креативни дизајнери за кои допрва ќе слушаме ги прикажуваат своите колекции.

Како што знаеме, тамошната младина е уникатна по многу прашања и секогаш вљубена во модата, па така не треба да нè чуди нивниот кул стил и парчињата кои само тие умеат да ги комбинираат.

Иако тие знаат да спојат дел од трендовите, сепак, на сите комбинации им додаваат нешто свое и впечатливо што прави да бидат забележани од сите улични фотографи.

Модните додатоци се нешто без што дефинитивно не излегуваат од дома, а принтовите и црната боја се чини им се омилени.

Фотографот на модниот магазин Вог успеа да фотографира некои од највпечатливите стајлинзи на младите, а истите ги гледате во галеријата.

Фото: Vogue

18 октомври 2018

Други галерии

Сите преслатки фотографии...

Јулски моден поздрав од С...

40 фотографии за 40 роден...

Како Македонците го прече...

Вака изгледа внатрешноста...

#botovacha по трет пат