Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Здравје
  • Бела соба
  • Интервјуа
  • Култура
  • Архитектура
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

Фото: На денешен ден е родена Одри Хепберн – безвременска икона на стилот!

На 4. мај 1929 година во Брисел, е родена Одри Хепберн, една од најзначајните фигури од „златното доба" на Холивуд и лик во кој е отелотворена вечната елеганција. Филмска и модна икона која му даде дефиниција на поимот дама.

„Појадок кај Тифани", „Празник во Рим" и „Сабрина" се филмските класици по кои светот слушна за неа и никого не остави рамнодушен. 27 години по нејзината смрт,  Одри Хепберн сè уште никого не остава индиферентен. Нејзиното влијание е сеприсутно, особено во сферата на модата.

Вечна муза на Убер де Живанши, поради нејзината единственост, елеганција и маркантност. Нивната исклучителна релација има посебно место во модната историја, затоа што тие заедно ја пишуваа. Од нивното запознавање за време на снимањето на филмот „Сабрина", кога Одри инсистирала нејзината облека да ја дизајнира Живанши, до култниот статус на „малиот црн фустан" во „Појадок кај Тифани" што создаде нова перспектива во модниот свет.

На денот на нејзиниот роденден, преку фото ретроспектива, се потсетуваме зошто Одри Хепберн е безвременска икона на стилот!

4 мај 2022

Други галерии

Exit 2016 низ фотографии

Секогаш сме ЗА пролетен м...

Фантастично фото патување...

Улична мода на африкански...

Најфраерските комбинации...

Чола го наполни и стадион...