Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Здравје
  • Бела соба
  • Интервјуа
  • Култура
  • Архитектура
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

(ФОТО) Наоми Кембел наполни 50 години!

Ја нарекуваат „Црната пантера“. За многу дизајнери беше муза. Денес полни 50 години, има плодна кариера повеќе од 30 години. Кога мислите на супермодел мислите на Синди Крафорд, Кејт Мос и Наоми Кембел. 

По сите модни правила, 1990-година е таа што ја вивна во ѕвездите. Со споменатите две колешки како и Клаудија Шифер и Кристи Тарлингтон беа петорката која остави белег на светската модна сцена засекогаш.

Во едно интервју ќе открие дека за тоа што таа е денес во голема мера треба да ѝ заблагодари и на моќната Ана Винтур  која во 1989 – тата година се борела да ѝ обезбеди место на насловната страница на Вог како прва црна жена.

„Се сеќавам на таа фотографија. Ме фотографираа во сабота во Хемптонс. Ана ми даде огромна можност и навистина не знаев колку таа морала да се бори сѐ додека не го видов септемвриското издание", се сеќава Наоми.

Таа беше и првиот модел со афроамериканско потекло кој се појавил на насловната на француското издание на Вог, откако Ив Сен Лоран се закани дека ќе ги повлече сите реклами од изданието доколку не ја стават на насловната.

„Во мојата кариера имаше многу предизвици кога е расизмот во прашање, но јас секогаш наоѓав начин да ги пребродам сите тие препреки. Никогаш не прифаќав не за одговор", вели манекенката.

Кога е стилот во прашање, со годините стана посмирен, но никогаш и досаден. Таа е вистински познавач на материјата (модата), а тоа совршено се гледа и од комбинациите во кои се појавува. Препознатлива по широката насмевка и грациозноста, низ годините го менуваше имиџот, па ја гледавме и со кратка и со долга коса, ја видовме и со црна, но и шатирана, а во одредени периоди имаше и коса во црвенкасти нијанси.

Минатата година откри како ѝ изгледа природната коса, која е кадрава и кратка и со гордост ја носеше, но сепак после некое време се врати на препознатливата долга и исправена коса.

Изгледа како да има 30 и покрај тоа што повеќе од три децении е во модниот бизнис, сè уште привлекува внимание и пари. На Британските модни награди во 2018 беше прогласена за модна икона на деценијата, но всушност нејзиното влијание, актуелност и трага нема временска одредница.

А за тоа сведочат и фотографиите во галеријата. Погледнете:

 

фото: Pinterest.com; 

22 мај 2020

Други галерии

(Фото) Направете место за...

Фантастични трансформации...

Актерката Наталија Теодос...

Февруарска улична мода во...

Сите стилски преобразби н...

Овие пролетни балкони се...